Двегодишно дете падна од втори кат во Аеродром

Синоќа после полноќ во Итната медицинска помош било пријавено дека двегодишно дете паднало од втор кат од зграда во Скопје, информираше за Утринската програма на Телма претставник од лекарскиот тим на Итната медицинска помош.

Детето е пренесено на Ургентен центар, нема тешки телесни повреди и е свесно. Засега нема информации како се случила несреќата.

Според првичните информации, несреќата се случила во Аеродром, а по првиот повик до Итната помош, блиските го донеле двегодишното дете во поликлиниката Јане Сандански каде има дежурен лекар и пункт на Итната помош.