Попладнево во скопската населба Водно, на улицата Елисие Поповски се случила сообраќајна незгода во која повредено е двегодишно дете член на семејство дипломати од Украина.
Според информации несреќата се случила кога патничко возило „Hyundai“ удрило во двегодишното дете - пешак.
По несреќата, од страна на Итна медицинска помош детето било пренесено во ургентниот центар.