Две жени се степале вчера на гробиштата во Ѓорче

 

Две жени се степале вчера претпладне на гробиштата во Ѓорче. Една употребила и тврд предмет. 

- На 08.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 36-годишната З.К. и 55-годишната Д.З., двете од Скопје, при што бил употребен тврд предмет, известија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.