Две улици во Центар и една во Кисела Вода утре без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека утре две улици во Центар и една во Кисела Вода ќе бидат без вода.

- поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул.Славејко Арсов бр 15, без вода ке останат корисниците на дел од ул.Славејко Арсов бр.15. Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

- водоводен приклучок од ф 100мм на ул.Максим Горки бр 14, без вода ке останат корисниците на дел од ул.Максим Горки. Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

- поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.Дренак бр.2а, без вода ке останат корисниците на дел од ул.Дренак и дел од Јужен Булевар .Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.