Две улици од Аеродром утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (четврток) поради промена на затворач ф-100 мм на ул. Симеон Кавракиров 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од ул. Петар Ацев.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.