Две сообраќајки кај скопската обиколница, повреден возач и полицајци

Министерството за внатрешни работи информира дека денес во 16.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница Скопје, во правец од с.Арачиново кон с.Сарај, пред с.Смилковци, додека полициски службеници вршеле увид на сообраќајна незгода, се случила уште една сообраќајна незгода во која Р.А.(32) од с.Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „сеат леон“, со кумановски регистарски ознаки, удрил во товарно возило ,,ман“, со полуприколка „шмидс“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(55) од Скопје, по што удрил во возило „бмв“, со германски национални ознаки, кое било учесник во претходната сообраќајна незгода и во службено патничко возило на МВР.

Со телесни повреди се здобиле полициските службеници и возачот Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Бил извршен увид на местото, информираат од полицијата.