Две скопски улици утре ќе останат без вода

Од скопски Водовод известуваат дека утре (петок) поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Јосиф Михајловиќ и ул.Атанас Бабата.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до завршување со работните активности.