Две скопски улици од претпладнево без вода

Од скопски Водовод информираат дека поради дефект на приклучна цевка и уличен дефект на ул.Трифун Пановски 4, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Трифун Пановски и дел од ул.Руѓер Бошковиќ.

Водоснабдувањето е прекинато од 10:00 часот, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.