Две скопски улици без вода, причината дефект

Од скопски Водовод информираат дека денеска поради менување на вентил во шахта на ул.Методија Андонов Ченто 71, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел улиците Среќко Пужалка и Товарник.

Водоснабдувањето е прекинато од 11:30 часот, а прекинот ќе трае до завршување со санација на дефектот.