Две скопски општини денеска со прекини во електроснабдувањето

Делови од две скопски општини денеска ќе имаат прекино во електроснабдувањето. 

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– Во периодот од 06.00 до 10.00 корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери, општина Гази Баба;

– Во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село Булачани, општини Бутел и Гази Баба.