Две млади лица во одделни настани фатени со ладно оружје

Две лица, од кои едното малолетник, на територија на Карпош биле фатени со ладно оружје - нож и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, известува МВР, а ова се деталите:

На 18.03.2021 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош извршиле преглед кај Е.С.(21) од Скопје и пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.03.2021 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош извршиле преглед кај 17 - годишник од Скопје и пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.