Две лица вчера биле искасани од улични кучиња во Скопје.
На 16.09.2024 во 11.45 часот во Полициската станица Центар, П.Б.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 16.09.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.С.(42) од село Кошари, кривопаланечко, пријавил дека на ул.„Љубин“ во Скопје бил каснат од куче со сопственик, информираа од полицијата во дневниот билтен.