
Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје.
Како што информираат од МВР, двајцата скопјани биле уапсени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што вчера околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на булевар „Македонија“ во Скопје.
Притоа, еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени.
Од МВР посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.