Две лица со закана одзеле пари од вработено лице во спортска обложувалница

Вчера,  во спортска обложувалница на ул.„Московска“ со закана биле одземени пари од вработено лице во  обложувалницата.

Според извештајот на МВР, на 12.07.2022 во 23.10 часот во СВР Скопје била пријавена случката. Во пријавата било наведено дека во спортска обложувалница на ул.„Московска“, две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. 

Нема дополнителни информации за настанот, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.