Две лица од гостиварско и две од скопско фатени при купопродажба на дрога

Две лица од гостиварско и две од скопско фатени при купопродажба на дрога. 

- На 18.02.2025 во 21.30 часот кај клучката за село Тумчевиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Е.Р.(20) од село Топлица, гостиварско, Е.С.(33) од село Добридол, гостиварско, Р.С.(34) од село Инџиково, скопско и В.А.(26) од село Грчец, скопско. Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и при преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, известија од МВР. 

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.