Две лица од Белгија претепани на плоштадот во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 22.45 часот Б.А.(44) со живеалиште во Белгија пријавил дека на плоштад „Македонија“ бил физички нападнат од едно лице.

Исто така, М.Ј.(47) со живеалиште во Белгија пријавила дека на истиот плоштад била физички нападната од едно женско лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.