Две лица на „Клинички“, 11 уапсени - Доцна синоќа масовна тепачка во Шутка

 

Групна тепачка вчера пред полноќ во скопска Шутка. Две лица завршиле на Клинички. 

- На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопштија од полицијата. 

По инцидентот полицијата привела 11 лица. 

- Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), С.С.(29), Ф.М.(46), Ф.С.(20), Д.Ј.(21), Е.Ј.(32), Ј.Ј.(27) и Н.Ј.(54), сите од Скопје, се наведува во полицискиот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.