Две лица каснати од улични кучиња во Скопје

Во текот на вчерашниот ден две лица биле каснати од улични кучиња во Скопје.

Најпрво во 16.15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Ј.(32) од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Потоа во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.И.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Пушкинова“ бил каснат од куче скитник.