
Полицијата со детали за пожарот што избри среде ноќ во Лисиче.
- На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С.(61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57), прецизираа од МВР.
Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.