Две градинки во Карпош ќе добијат фотоволтаици

Советот на Општина Карпош, на денешната 16. Седница, даде зелено светло за реализација на проектот „Карпош Sustainable Housing Lab“, насочен кон енергетска ефикасност и намалување на CO₂ емисиите.

Во рамки на проектот, од Општината Карпош посочија дека фотонапонски електроцентрали ќе бидат поставени во:  ЈУОДГ „Орце Николов“ – објект „Ѕвездички“, Карпош 2 – до 13 kWp и ЈУОДГ „Распеана Младост“ – објект „Виножито“, Бардовци – до 9 kWp

Проектот е поддржан со грант од 3,3 милиони денари, со учество на Општина Карпош од 350.000 денари.

„На седницата беа донесени и други важни одлуки, меѓу кои хуманитарна помош од 150.000 денари за Општина Гостивар, поддршка за формирање Локално собрание на млади, како и прифаќање донации за санација на покривот на ООУ „Владо Тасевски“ и опремување сензорна соба во ООУ „Лазо Трповски“, информираа од Општината.