Две физички пресметки вчера во Скопје

Два физички инцидента регистрирани на подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден. 

На 21.09.2022 во 11.15 часот во Полициското одделение Сарај, З.М.(44) од с.Радуша, скопско, пријавил дека околу 10.00 часот во близина на рудник во Радуша бил физички нападнат од Ф.С.(57) и Р.И.(38), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата. 

На 22.09.2022 во 00.45 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.М.(33) од Скопје пријавил дека на 21.09.2022 околу 20.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат со тврд предмет од Б.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведува МВР за вториот инцидент.