Две експлозии и пожар во зграда во Аеродром

Пожар избувна денеска во подрумските простории во зграда на улицата „23 октомври" во населбата Аеродром во Скопје. Се слушнале и две експлозии, за што пожарникарите потоа утврдиле дека се работи за плински боци. Огнот е локализиран.

Информацијата дека станува збор за плински боци, а не за експлозив, потврди  командирот на тимот на Територијална противпожарна единица, Среќко Чимевски, кој рече дека пожарникарите за експлозиите биле информирани од граѓаните, дознава МКД.мк.