Две деца и една жена каснати од улични кучиња во Скопје

Скопјанка и две малолетни деца се каснати од улични кучиња вчера, во три одделни случаи. 

На 03.05.2023 во 11:50 час во Полициската станица Гази Баба, Л.С.(53) од Скопје пријавила дека во с.Трубарево, скопско, била касната од куче со сопственик.

На 03.05.2023 во 10.30 часот во Полициската станица Драчево, А.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 03.05.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Драчево, С.А.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, информира полицијата.