
Лишени од слобода возачи во Тетово и Македонска Каменица кои управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале и сообраќајни несреќи.
Како што информираат од МВР, вчера (26.11.2025) околу 23:30 часот на магистралниот пат А3, на излез од Македонска Каменица, полициски службеници од ПО за БПС Делчево го лишиле од слобода М.П.(58) од село Дулица, Македонска Каменица. При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал М.П. со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека во крвта има 2,51 промили алкохол.
Ноќеска (27.11.2025) во 00:05 часот на патот Македонска Каменица-село Саса полициски службеници од Македонска Каменица го лишиле од слобода З.Г.(38) од село Саса, Македонска Каменица. При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал З.Г. со патничко возило „даеву“ со делчевски регистарски ознаки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека во крвта има 2,44 промили алкохол.
Исто така вчера во 17:30 часот на ул.„В.С.Бато“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Г.Б.(61) од с.Брвеница, тетовско. При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал Г.Б. со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,71 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.