Двајца велешани уапсени поради семејно насилство: Едниот ја натепал сопргата, другиот им се заканувал на родителите

Во изминатото деноноќие, лишени од слобода биле две лица поради семејно насилство од вкупно шест пријавени случаи.

Од Министерството за внатрешни работи споделија детали за сите инциденти.

Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, 23-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А..

Ноќеска во 03:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ј.(44) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(28) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом им се заканувал на неговите родители. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Вчера во 14:00 часот во ОВР Кавадарци, 42-годишна кавадарчанка, пријавила дека нејзиниот поранешен партнер С.С. од прилепско село, по телефон и упатил закани. За настанот бил известен јавен обвинител.

Исто така вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Р., кој употребил и тврд предмет.

Во текот на вчерашниот ден во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Гази Баба, на 09.04.2026 малолетничка била физички нападната од нејзината мајка К.А., а на 14.04.2026 била физички нападната од нејзиниот татко А.А.

„Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.