
Ноќеска во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“.
Имено, како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности дојдено било до сознание дека на 07.06.2026 околу 00:45 часот на улица „Јадранска магистрала“ одзеле патничко возило „фолскваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Б.(24) од село Арачиново, скопско.
„Тие се спроведени во Полициската станица Чаир и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.