Двајца скопјани и едно дете вчера каснати од улични кучиња

Вчера три случаи на каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

На 24.03.2023 во 20,50 часот во Полициска станица Гази Баба Б.А.(46) од Скопје пријавил дека на ул. Среќко Пужалка неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник, информираа од МВР. 

Исто така, вчера во 19.30 часот во Полициска станица Драчево К.Б.(52) од Скопје пријавил дека во близина на пазар во населба Бутел бил каснат од куче скитник.

На 24.03.2023 во 23.10 часот во Полициска станица Драчево М.Ј.Т.(39) од Скопје пријавила дека на ул. Бранко Заревски нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, стои во полицискиот билтен.