
Полицијата со официјални информации за несреќниот случај вчера за време на одбележувањето на Водици во Скопје.
Две момчиња кои се фрлиле по светиот крст почнале да се дават, но, за среќа навреме биле спасени од спасувачките тимови.
- На 19.01.2026 околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата и со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, соопштија од МВР.