Двајца малолетници од Арачиново претепани на автобуска постојка

Вчера биле претепани двајца малолетници од с. Арачиново, скопско на автобуска постојка.

- На 25.01.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени двајца 15-годишни малолетници од с.Арачиново, скопско. Според пријавеното, околу 18.15 часот на автобуска постојка на ул.„Босна и Херцеговина“ тие биле физички нападнати од неколку лица, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.