
Двајца мажи од кавадаречките села Марена и Мајден биле лишени од слобода под сомнение дека украле поголема количина ореви од нива во местото викано „Краиште“. Во друг случај, полицијата се сомничи дека 59-годишен кавадарчанец одзел бадеми од нива во месноста „Белград“.
- На 08.10.2026 во 13:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода С.Ј. (64) од село Марена и И.Б. (57) од село Мајден, кавадаречко. Тие се сомничат дека од нива во место викано „Краиште“, кавадаречко, сопственост на правно лице, одзеле поголема количина ореви, информираа од МВР.
- Исто така, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со О.С. (59) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од нива, сопственост на правно лице во место викано „Белград“, кавадаречко, одзел бадеми. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од полицијата.