Двајца градежници нападнати на плац во скопски Аеродром

Двајца скопјани, кои изведувале градежни работи, во скопски Аеродром биле физички нападнати од две лица. 

- На 19.07.2025 во 18.30  часот во СВР Скопје е пријавено дека на плац на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, А.Ј.(35) и Д.Ј.(65) од Скопје, кои што извршувале градежни работи, биле физички нападнати од А.С.(46) и Н.М.(50), исто така од Скопје, соопштија од МВР. 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.