Два слични случаи - нападнати и ограбени скопјани во различни делови од градот

На 28.11.2021 во 20.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорги Димитров“ С.М.(38) од Скопје бил нападнат со остар предмет од едно лице, кое му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.11.2021 во 02.15 часот во СВР Скопје Б.С.(61) од Скопје пријавил дека околу 00.50 часот во нас.Автокоманда бил физички нападнат со остар предмет од едно лице, кое му одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.