Два дена се трага по исчезнато 12-годишно девојче од Скопје

Семејството на 12-годишната Аниса Ајро од Скопје преку социјалните мрежи бара помош од граѓаните за пронаоѓање на малолетничката.

Случајот бил пријавен во полиција, а се шири и апел на социјалните мрежи за пронаоѓање на девојчето.

Освен Аниса, во полициска станица е пријавено исчезнување и на друга малолетничка.

-На 30.03.2023 во полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, информираат од МВР.

Таткото Енгин ги замоли сите кои ќе ја забележат да го контактираат на телефонскиот број 072 232 983.