
ЈП Водовод и канализација извести дека дел од корисниците од булеварот Партизански одреди утре ќе бидат со прекин во водоснабдувањето, а исто така прекинато водоснабдување ќе имаат и дел од корисниците од општина Чаир.
Од таму информираат дека поради промена на затворачи ф 5/4 на булеварот Партизански Одреди бр.48а, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од овој скопски булевар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Исто така, поради промена на затворачи ф 2” цола, на улицата Коста Абрашевиќ бб (кај ОУ Хасан Приштина), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Коста Абрашевиќ, булевар Цветан Димов, улица Панче Неделковски, улица 5-ти Мај и улица Кемал Ататурк од 09:00 часот до завршување на работните активности.