Дуото „Octave One“ од Детроит во Скопје

Братското дуо „Octave One“ од Детроит вечер ќе настапи во ноќниот клуб „Станица 26“ во Скопје. 

„Octave One“ е група на американски техно музичари, предводени од браќата Лени и Лоренс Бурден, кои понекогаш настапуваат и со нивните останати тројца браќа Лорн, Лајнел и Ленс. Тие дебитирале во 1989 година во рамките на издавачката куќа „Трансмат“ која припаѓаше на таткото на детроитското техно, Дерик Меј со синглот „I beliеve“. Имаат направено ремикси на песни од Масив Атак, Стив Баг, Инер Сити, Џон Томас... Тие денес се сметаат за втората генерација  музички артисти од детроитската техно сцена.

Гостувањето на „Octave One“ е во организација на скопската продуцентска куќа Баланс.