Денес, после полоќ околу 00.15 часот во близина на с.Стојаково, општина Богданци, полицијата го уапсила 28-годишниот М.Е. од Република Албанија поради криумчарење на мигранти. Откако полициските службеници го забележале возилото со кое тој управувал „хјундаи“ му дале знак за запирање кој го игнорирал и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и се дал во бегство.
„При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.