Државен празник во вторник, еве по кој возен ред ќе сообраќаат автобусите на ЈСП

ЈСП информира дека во вторник (24.05.2022 година), поради државниот празник 24 Мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.

Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.
Во вторник, Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а во понеделник објектот нема да работи.