„Дрисла“ набави два монтажно/демонтажни деловни објекти

ЈП депонија Дрисла-Скопје продолжува со инвестирање во самото претпријатие со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените, велат од Град Скопје. 

За таа цел спроведена е постапка за јавна набавка на стоки со која се обезбедени два нови монтажно/демонтажни деловни објекти (контејнери) за потребите на работниците.

Контејнерите имаат по две простории целосно опремени со мебел и клими и ќе се користат за извршување на тековните активности на работниците од одделението за депонирање, одделението за механизација и одделението за обезбедување во ЈП депонија Дрисла Скопје.