
Двајца жители на општина Студеничани, на возраст од 60 и 27 години, се приведени по инцидент што се случил во Старата скопска чаршија, каде, според пријавата, едниот од нив репетирал огнено оружје и му се заканувал на 36-годишен маж.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил вчера попладне околу 12:40 часот. Според пријавеното, А.Х. (60) репетирал огнено оружје кон 36-годишен жител на скопско и неговото семејство, им упатил закани и се обидел физички да ги нападне.
Околу 13:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Х. (60) и И.Х. (27), двајцата од село во општина Студеничани.
По целосното документирање на случајот, против нив ќе следува соодветен поднесок.