
Нерешени имотно-правни односи меѓу соседи во Скопје завчера имале крвав расплет.
Имено, како што соопштија од МВР, 44-годишен скопјанец со нож повредил тројца негови соседи - маж и жена, како и друга сосетка која се обидела да ги раздели.
Истиот ден во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот Ј.Ј. од Скопје.
„Според пријавеното, по претходна расправија, поради нерасчистени имотно-правни односи, во домот на неговиот сосед А.Ш.(38) од Скопје, со остар предмет го нападнал и им нанел повреди на А.Ш., неговата сопруга Ѓ.У. и на сосетката Д.Д., која се обидела да ги раздели. Во врска со настанот, приведен е и А.Ш. и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува во полициското соопштение.