Драма во основно училиште кај Бит Пазар: 14-годишник повреден со остар предмет од негов соученик

14-годишник се здобил со расекотина во пределот на раката, откако бил нападнат од негов соученик.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, Ф.А.(43) од Скопје пријавила дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик, нанесувајќи му расекотина во пределот на раката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.