
31-годишна жена синоќа пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода била нападната од нејзиниот партнер, ѝ се заканил остар предмет, а исто така ѝ го оштетил и возилото.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (03.02.2026) околу 20:50 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријавила дека во домот на нејзиниот партнер Љ.З., на подрачјето на Кисела Вода, тој и го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и со употреба на остар предмет и упатил закани, а подоцна во дворот со тврд предмет ѝ го оштетил возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.