Драма во Кисела Вода: Физички се пресметале поради недоразбирање во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 12.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, поради недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(26) и М.Д.(63), двајцата од Скопје.

Од полицијата додаваат дека на лицата им се сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Во врска со случајот бил извршен разговор и со сопатничките во нивните возила, кои се обиделе да ги спречат во пресметката, се вели во соопштението.