Драма во Драчево: Сопрен млад возач без дозвола, набргу дошле негови пријатели кои ги попречувале полицајците

Вистинска драма се одвивала вчера во скопско Драчево. 

Вчера околу 23:55 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево запреле Н.И. (22) од село Студеничани, скопско, при контрола на возило, констатирајќи дека управувал без возачка дозвола, информираа од полицијата. 

Набргу по инцидентот, на местото пристигнале две возила од кои излегле неколку лица, меѓу кои и М.С. (30) од истото село, кои ги попречувале полициските службеници при извршување на службените дејствија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.