Драма во Белград: Татко го фатил 78-годишниот манијак кој ја допирал ќерка му

Д.Н. го фатил В.Б. (78) кој во неколку наврати ја допирал неговата 13-годишна ќерка по интимните делови .

По наредба на основното јавно обвинителство во Белград, во полиција му е одреден притвор до 48 часа за кривично дело недозволена полова активност.

„Девојката пред неколку дена му се доверила на својот татко дека постар маж ја запрел на улица, дека ја допирал по интимните делови, дека ја прашувал каде живее и кој се грижи за неа. Таткото денеска го начекал манијакот и го фатил на улица, а потоа повикал полиција“, изјавил соговорник близок до истрагата.

Манијакот утре ќе биде изведен пред обвинител, се истакнува во написите на медиумите.

Среќната околност како што е наведено е што манијакот не го повредил девојчето.