Драма на бензинска пумпа во скопско: Скопјанец тешко повреден со остар предмет

Вчера во 16.50 часот во Полициската станица Драчево, од Поликлиника Драчево било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско.

Според информациите на полицијата, а како што пријавило неговото семејство, настанот се случил на бензинска пумпа во с.Студеничани, а повредите му ги нанел М.Џ. од с.Батинци, скопско, поради меѓусебно нетрпение. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утреово во 00.30 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје исто така пријавила дека во угостителски објект на ул.„Кеј 13 Ноември“ била физички нападната од Н.Н.(39) од Скопје, со кого претходно била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.