Драма кај „Три Бисери“: Таксист физички нападнал родител со дете во количка

Во 10,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје 63-годишниот З.Б. од Скопје пријавил дека на булеварот “Јане Сандански“ во близина на Трговскиот центар “Три Бисери“ додека управувал такси возило забележал како едно лице, кое било со количка во која имало мало дете му дало знак да застане, но тој му кажал дека не е слободен.

Во тој момент лицето почнало да го навредува и да удира по автомобилот.

З.Б. излегол од возилото и лицето физички го нападнало.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.