Драма кај Куманово: Превезувал мигранти, па се обидел да бега и прегазил полицаец

25-годишен неготинец кој превезувал мигранти се обидел на побегне од сообраќајната контрола при што прегазил еден полицаец. Подоцна бил совладан и уапсен. 

- На 26.09.2025 околу 16:30 часот на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишија од слобода М.Б.(25) од Неготино. Претходно, полициските службеници забележале дека од возилото „мазда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица мигранти. Потоа, откако му дале знак за запирање, тој се бидел да побегне и со возилото удрил еден полициски службеник, но набргу бил совладан и лишен од слобода, соопштија од полицијата. 

Лицето е задржано во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на мигрантите и за целосно расчистување на случајот.