Драган Илиевски е нов ВД директор на скопската зоолошка

Кабинетот на скопската градоначалничка попладнево информираше дека Драган Илиевски е нов В.Д Директор на ЗОО Скопје.

Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор.

Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по Економија. 

Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот В.Д Директор Кристијан Стаменов