Дождот не можe да исчисти се': Ректорат, Центар и Карпош утрово најзагадени

И покрај врнежливото време, мерните станици во повеќе скопските општини утринава покажауваат згаденост над дозволената граница од 50 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.

Најлош воздухот утрово е кај Ректорат 84, а веднаш зад него се Центар и Карпош со 63, односно 62 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.

Како и изминативе денови, при врвот на оваа најмалку популарна листа е Тетово каде утрово загаденоста е 72.